Од „ЕВН Македонија“ известуваат дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.
• од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од с. Нова Бразница. (Општина Сопиште )
• од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Виа Игнација, дел од ул. Ѓуро Салај и дел од ул. Мице Козар. ( Општина Ѓорче Петров )
• од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Христофер Жефаровиќ и дел од ул. Томас Минцер. ( Општина Гази Баба )
• од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Лазар Димитров , и дел од ул. Ефтим Спростанов. ( Општина Кисела Вода )