петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Божиновски: Со СДСМ нема нови проекти и инвестиции- на Охрид и Македонија им е потребна обнова за крај на измамите, криминалот, корупцијата и лагите

Божиновски: Со СДСМ нема нови проекти и инвестиции- на Охрид и Македонија им е потребна обнова за крај на измамите, криминалот, корупцијата и лагите

Повеќе од две години локална власт на СДСМ, повеќе од две години неработа и негрижа, повеќе од две години лаги и измами, урбана мафија, непотизам и партизација. Со СДСМ нема нови проекти, нема нови инвестиции. Со СДСМ има поскапи сметки за вода, поскап паркинг, само зголемени давачки, истакна Перчо Божиновски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

-Нема изградба на катни гаражи во централното градско подрачје. Охрид не доби современ Градски Кеј, додека пак пристаништето се распаѓа. Нема ништо од новиот лик на плоштадот Крушевска Република. Нема доградба на постоечките детски градинки и нови фасади на детските градинки. Нема ни трага од четирите спортски сали во ОУ „Кочо Рацин“ – нас. Радојца Новичиќ, ОУ „Братство-Единство“, ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, ОУТУ „Ванчо Питошески“. Нема изградба на спортска сала и реконструкција на тоалетите во ОУ „Св. Климент Охридски“ во населба Далјан. Нема изграден регионален центар за обука на наставен кадар во соработка со МОН во училиштето во  село Трпејца, рече Божиновски и додаде:

„Охрид остана без нов здравствен дом. Нема Детски културен центар, ниту Младински културен центар, ниту изградба на нови современи детски игралишта. Охрид остана без нов Театар. Нема модернизација на спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“. Охрид остана без затворен спортски базен, но и без затворен зелен пазар. Нема ништо од спасот на Студенчишкото блато и заштитата на езерскиот еко-систем. Не е решен проблемот со бездомните животни. Нема Агро центар и изградба на фабрика за отпад. Нема комплетно инфраструктурно уредување на улиците „Абас Емин“ и „Железничка“. Нема реконструкција на улиците „Јане Сандански“, „Прва македонска ударна бригада“, „Македонски просветители“ и „7 Ноември“. Нема Марина на постоечкото пристаниште во Пештани. Нема трага од гасификација на Охрид.

Долга е листата, подвлече тој, на НЕМА со СДСМ.

-Единствено што успеаја да направат се бројните дивоградби и да го загрозат статусот на Охрид под УНЕСКО. Се што вети СДСМ не оствари. СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески покажаа дека не знаат и немаат способност да ја раководат општината. На Охрид и Македонија им е потребна обнова за крај на измамите, криминалот, корупцијата и лагите.