Лоти Мос, атрактивната помлада сестра на манекенката Кејт Мос, привлече големо внимание на еден настан во Лондон, појавувајќи се во црно боди преку кое носела проѕирен краток фустан.
Убавата 21- годишна Лоти со стајлингот во преден план го стави својот гол задник, а веднаш потоа и деколтето за кое неодамна призна дека го „средила“ со естетска операција.
-Ги средив градите и многу сум среќна. Мора да потрошите на себе и мора да се почестите, ова за мене беше едно од оние малку честења кои жените сакаат да си го пружат, рекла Лоти во таа прилика.
Таа додала и дека ставила филери во усните, но дека поради тоа малку зажалила, пишува „Дејли мејл“.