Регионот е во неверување по веста дека српската фолк пејачка Сања Малетиќ е пронајдена мртва во Бања Лука.
Сепак оваа е само уште една од многубројните лажни вести во кои се пласираат измислици за некои од познатите личности во Србија.
Во веста се наведува дека таа имала сообраќајна несреќа и починала.
Уште пострашно е тоа што злоупотребено е и името на пејачот Радиша Трајковиќ Џани кој преку лажен профил ја објавил оваа вест.
Пејачката веднаш реагираше преку својот Инстаграм профил и сподели со фановите дека е жива и здрава.
-Злоупотреба на имињата на јавните личности и пласирање невистини за нив ги преминува сите граници. Јас лично немам коментар на оваа гадост. Престанете да ги користите имињата на моите колеги за да ја пласирате својата болест.