недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Македонската јавност и работниците денес можеа да видат дека токму СДСМ се кочничарите на Законот за минимална плата

СДСМ е синоним за лицемерие и лажна грижа за граѓаните. По којзнае кој пат, денес стана кристално јасно и се покажа дека за СДСМ единствено нешто што им е важно се нивните тесно-партиски и коалициони интереси и математики, на сметка на граѓаните. Граѓаните можеа да видат и да бидат сведоци на лицемерното однесување на СДСМ во Собранието. Тие денес покажаа дека не им беше приоритет изгласувањето на Законот за минимална плата, туку најважно им беше единствено само изборот на потпретседател на Собранието на Република Македонија. Доказ за тоа е потегот на власта која што откако беше изгласана точката за избор на потпретседател на Собранието, денешната седница беше прекината, а работниците повторно извисија, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој додаде:

„Доколку сакаа, можеа по првата точка за избор на потпретседател да ја продолжат седницата и да ја изгласаат минималната плата и да покажат дека имаат вистинска и искрена намера. Но штом не го направија ова, само се потврдија лагите и манипулациите на СДСМ. Македонската јавност, здруженијата, работниците и сите засегнати страни, денес можеа да видат дека токму СДСМ се кочничарите кои немаат искрена и вистинска намера да се донесе и изгласа овој Закон. Од денес веќе е јасно дека СДСМ постојано ги лаже, манипулира и си игра со чувствата на работниците, здруженијата и целата македонска јавност. Очигледно е дека СДСМ веќе неколку дена, овде во Собранието избегнува и бега од гласање на тој закон. Тоа само го покажува вистинското лице на СДСМ и ја демонстрира нивната штетна политика, лажни ветувања и играње со човечките судбини и чувства.“

Најнови вести