Новинската агенција Журнал дознава дека во „Македонска пошта“, која ја предводи директорот Ејуп Рустеми, има голем револт кај вработените со договорот на дело.
-Денес на електронската пошта на новинската агенција „Журнал“, од лице вработено во оваа институција кое сака да остане анонимено, пристигна пријава со најава дека од утре ќе започнат со протести. Тоа вели дека на последниот конкурс вработени се 20 Албанци, 40 Македонци, сите од надвор од институцијата, додека 220-те вработени со договор на дело, за пет години по ред не им е решен нивниот статус, пренесува Журнал.
– Има голем револт кај вработените во Македонска пошта. На последниот конкурс примени се 20 Албанци, 40 Македонци, сите од надвор, додека вработени со договор на ниво држава ама 220 Албанци, 5 години по ред нашиот статус не е решен, немаме платено ниту пензинско ниту здравствено осигурување. Бараме решенија, а не ветувања. Ние сме семејни луѓе и претежно глави на семејството. Ние немаме друг избор освен да тргнеме по патот за на курбет, вели лицето во електронскат на пошта на Журнал.
Во меѓувреме, на нивната електронска пошта пристигна и фотографија на која се гледа толпа луѓе кои можат да бидат поврзани со протестот што го најавија вработените во оваа институција.