Неколку несоодветно заковани бетонски столпчиња кои се клатат под влијание на временските услови, еден импровизиран видиковец поставен без подлога-директно на земја, неколку клупи и кров кои веќе се распаѓаат е севкупниот биланс на проектот финансиран од ЕУ кој минатата година се одобри, а веќе се распаѓа, прашуваат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.
-Активната пост вулканска појава „Дувало“ која се наоѓа во близина на селото Косел во Охрид е природен феномен, единствен од овој вид на балканот, кој поради неговата уникатност е прогласен за природна реткост.
Заради важноста на локалитетот, ЕУ одобри средства кои ТРЕБАШЕ да се наменат за зголемување на степенот на заштита, промоција и туристичка валоризација на природната реткост, преку вклучување на локалната заедница.
Со оглед на тоа дека проектот е финансиран од Европската Унија, а требаше да се имплементира преку Програмата за развој на ОН (УНДП), во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, ги прашуваме надлежните:
-Во колку фази е предвидено да се одвива работењето на терен, ако од минатата година (кога наводно почна реализацијата) до ден денес, нема видливи резултати?
-Овој проект е во рамки на Програмата за управување со заштитени подрачја, а спротивно на тоа, каква е таа заштита кога не сте поместиле ни минимално количество на отпад, што во околината на локалитетот Дувало е со години, па и со децении, ниту пак сте поставиле знаци за строга забрана за фрлање на кабаст и комунален отпад? и
-Дали и овие финансиски средства се несоодветно потрошени, или, во најлош случај, прикриени?!
Затоа што не се знае каде и како ги трошите парите на граѓаните, затоа што не ви е грижа за ништо освен за самите себе и затоа што се распаѓа сè што ќе допрете, часовникот ги отчукува последните минути од вашето расипничко, несовесно и недомаќинско владеење, прашуваат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.