сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ангеловски: Ова е доказ дека кога режимот паѓа, се злоупотребуваат институциите за политичка пресметка со неистомислениците (ФОТО)

Ангеловски: Ова е доказ дека кога режимот паѓа, се злоупотребуваат институциите за политичка пресметка со неистомислениците (ФОТО)

СДСМ е во паника! Денешното мое прераспределување на работа во Прилеп е уште еден доказ дека кога режимот паѓа се злоупотребуваат институциите за политичка пресметка со неистомислениците, обвинува Гоце Ангеловски.

„Со самиот факт што за еден месец ми склучувате два договори за работа од кој еден во Кавадарци, па потоа се предомисливте и направивте уште еден во Прилеп, знам дека целта ви е да ме скршите и да ме поколебате во мојата борба против оваа ненародна и криминална власт на СДСМ. Не само што нема да ме скршите и поколебате, туку и дополнително ме мотивирате уште пожестоко да ве поразиме на 12-ти ти април. На оние кои го изготвија ова решение ќе им порачам дека ова нема да ги амнестира од досегашното нивно работење со претпријатието, а на локалното раководство на СДСМ ќе им укажам дека овие примитивни методи можат да ги нарачат само примитивни локални политичари. Какви нарачки и да правете казната од народот ќе ја добиете многу скоро.ж, порача тој.

Најнови вести