понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Партиските функционери на СДСМ фатени во лага, почнаа да ги бришат објавите на социјалните мрежи

ФОТО: Партиските функционери на СДСМ фатени во лага, почнаа да ги бришат објавите на социјалните мрежи

По вчерашните реакции на јавноста и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, за ширењето на лажни вести од страна на СДСМ и порталите блиски до нив, партиските функционери на СДСМ фатени во лага, почнаа да ги бришат објавите на социјалните мрежи.

Еден од нив е и Претседателот на општинскиот огранок на СДСМ од Штип, Александар Кангалов. Тој во текот на вчерашниот ден, меѓу првите ја објави лажната вест дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласале за законот за минимална плата. Но, откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието бурно реагираа на овие лаги лиферувани во јавноста, неговата објава мистериозно исчезна без притоа да даде објаснување и да се извини за обидот за ширење на лажни вести.

Сепак, тоа не остана незабележано и од страна на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. Тој на својот фејсбук профил реагираше и објави слики на кои се гледа обидот на СДСМ и нивниот претседател од Штип да ја лажат и манипулираат јавноста.

„Зошто претседателот на СДСМ Штип Александар Кангалов го избриша постот од неговиот профил? Вака ли ќе се борите со лажните вести? Вие ги генерирате лажните вести“, реагираше Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести