четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт: Општина Центар го попречува сопственикот на земјиштето да го владее сопственото земјиште

Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт: Општина Центар го попречува сопственикот на земјиштето да го владее сопственото земјиште

Читаме деновиве по интернет порталите, како Саша Богдановиќ кој во моментов зема плата од граѓаните како градоначалник на општина Центар, ќе се самозапалел само за Јавно Обвинителство да покренело кривична постапка за парцелата за изградба на катна гаража кај Автомакедонија, кај Зелено пазарче. И не му се чудиме на паметот. А и зошто би?, прашуваат од Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО – ДПМНЕ.

-Сега веќе сме сигурени во она во кое се сомневавме за овој лик. Неспособноста да се справи со одговорноста на функцијата која му е доверена, го прави мошне нервозен. Купиштата ѓубре, неисчистени улици, отровот кој го дишеме, па и сите лаги кои ги ветуваше и тој и партијата негова, го прават таков. А млад човек… Во ситуација кога на било кој отворен паркинг во Центар, а најмалку кај Зелено пазарче, нема место велосипед каде да паркираш, на Саша му пречи да се изгради катна гаража која ќе собере стотици возила. А зошто? Затоа што со таа локација во моментов на диво стопанисува „Паркинзи на општина Центар“. И на диво наплаќаат паркирање, по 50 денари за час. А тоа претпријатие да ти било приватно, не на општината. И тоа, некои велат приватно – Струмичко. И уште ги лаже и поттикнува граѓаните кои живеат во соседните згради, да се противат и тие. А тоа да ти било само од причина за нечиј личен интерес. Дали е за негов? Ќе се дознае набрзо, стои во нивното соопштение на Фејсбук и се додава:

„Не знаеме дали некој намерно така го „советува“, за да го намести или пак толку му е знаењето на г-дин Саша, ама еве како некој кој ги познава работите во оваа област, да му кажеме, оти не сме злобни и злонамерни, а тој сепак е млад (што не го ослободува од одговорност, нормално). Лажно пријавување кривично дело е кривично дело, според Кривичен Законик. Согласно член 366 став 1: Тој што ќе пријави друг дека сторил кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност, а знае дека не е сторител, ќе се казни со затвор од три месеци до три години“. Значи, ќе си одговараш, г-дин Саша, за лажното пријавување. Ќе ти запее петелот на порти.
Фактографски, што се однесува до самата парцела за изградба на катна гаража, работите стојат вака: Општина Центар доставила до Министерството за транспорт и врски извод од важечки детален урбанистички план. Министерството обезбедило целосна документација и утврдило дека нема никакви имотно-правни пречки за да се даде парцелата на јавно наддавање. Почетната цена согласно Уредба за отуѓување на градежно земјиште на јавно наддавање (а не правилник, г-дин Саша), која важела тогаш (а и сега), за катни гаражи е 61 денар по метар квадратен и тоа е потенцирано во уредбата како посебна графа (Службен Весник на РМ бр. 14/2012). Не е 5.000 денари. Не е убаво да лажеш и да шириш лажни вести. И невкусно е за тебе тоа да го правиш јавно. Бидејќи според планот во катната гаража имало и деловен простор, цената се пресметува со компатибилност од 30% и така се формира почетна цена за продажба од 1.850 денари. Имало двајца понудувачи, кои се наддавале на 23.04.2012 година и крајната цена на наддавањето стигнала до 6.150 денари. Значи, земјиштето е продадено 100 пати поскапо од цената утврдена за катни гаражи или повеќе од три пати поскапо од почетната цена на наддавањето. Купувачот си ја платил во целост цената, по што му се склучил и договор за продажба, во кој имал обврска во рок од 9 месеци по солемнизација, да добие одобрение за градење. На 16.05.2013 (значи во рок како што се барало од него), купувачот поднел барање за добивање на одобрение за градење до општина Центар. Ама и на Жерновски не му било по мерак да се изгради поголем простор за паркирање за граѓаните, па не го издавал одобрението цели 11 месеци. За тоа доцнење, по приватна тужба на купувачот, Жерновски платил глоба од 7.500 евра. Во меѓувреме, купвачот платил комуналии на општината од неколку милиони денари, платил за изработка на проекти и како што кажува самиот во неговите јавни изјави, земал кредити од банките за да гради и сеуште плаќа камати за тоа. Иако има правосилно одобрение за градење, сепак и претходниот и сегашниот градоначалник на општина Центар, го попречуваат сопственикот на земјиштето да го владее сопственото земјиште, да може да гради на него тоа што го следува согласно закон, но и да ги исполни обврските од склучениот договор за продажба. Со тоа и двајцата градоначалници ги прекршиле и постапиле спротивно на Уставот, Законот за сопственост и други стварни права, Законот за градење и Законот за градежно земјиште, а во секој случај му нанеле и сеуште му нанесуваат штета на сопственикот на земјиштето. Значи, прават продолжено кривично дело, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување.
И сега, г-дин Саша чека да поминат шестте години за изградба на објектот, во 2020 година, па да го раскинел договорот. Според новиот толковник на мудрости, ова би било „ако паарте ги потрошиаме, плацо стооо“. Арно ама, што правиме ако сопственикот на парцелата ви поднесе кривични пријави за попречување на сопственост и владение, за попречување правда, па побара општината да му плати штета за тоа што неможе да гради, па изгубена добивка од тоа што не го изградил објектот, па се пожали по стопанските комори и странските и домашните инвеститори како општината спречува инвестиции… А парите кои ќе треба да ги враќа г-дин Саша, но и штетите кои ќе треба да ги плаќа општината, не се од негов џеб. Нив ќе ги обезбеди од граѓаните на општина Центар. Ма, браво градоначалниче!
Градоначалник си, г-дин Саша. Тоа значи дека треба да се грижиш граѓаните да имаат чисти паркови и улици, наместо преполни контејнери. Да имаат чист воздух за дишење, наместо да се гушат. Да им ги реконструираш улиците и тротоарите, наместо да ги сечеш дрворедите и да ги прикрпуваш дупките. Да им помогнеш во одржувањето на влезовите на зградите и во обнова на фасадите. Да помогнете како општина на некое дете од социјално ранливо семејство да се школува. Да изградиш нова спортска сала или да реконструираш постоечка. Да направиш пристапни рампи секаде каде што е тоа можно, за лицата со телесен инвалидитет полесно да се движат. Да ги поправиш градинките кои се распаѓаат, па и да изградиш некоја нова, за да имаат дечињата пријатен престој додека родителите им се на работа за 500 евра плата. Земи работи нешто, ти отиде мандатот повеќе од половина (или не ти е гајле, последен мандат ти е). А ти до сега само санираш штети од твојот претходник Жерновски и ги задоволуваш апетите на тие околу и над тебе. Сврти се малку и накај потребите на жителите на општина Центар, но и на тие кои работиме таму.
П.С. Порталот Локално (lokalno.mk) на 16.11.2019 објави текст во кој исто така објавува невистини и шири лажни вести. Пред да се обвини за нешто, треба да се проверат фактите. А фактите кажуваат дека почетната цена за продажба на земјиштето на јавно наддавање, согласно Уредбата е 61 денар по м2, а не 5.600 ден по м2. И поради компатибилноста со намена деловен простор, таа почетна цена е зголемена како што предвидува Уредбата и е утврдена како цена од 1850 денари“.

Најнови вести