Денеска сме во Берово со цел да ја продолжиме кампањата Обнова на Македонија. Во оваа кампања главна цел ни е да ги слушнеме проблемите на граѓаните секаде каде што присуствуваме, затоа денеска сме и тука за да ги слушнеме проблемите на граѓаните на Берово. Воедно да ги слушнеме и нивните идеи, воедно и идеите кои што ќе ги дадат граѓаните во иднина да ги преточиме во програма со која што програма ќе настапиме на предвремените парламентарни избори на 12-ти април следната година. За генералните проблеми сите сте свесни, свесни сте колку неспособниот радикализам на Зоран Заев ни го уништува секојдневието, ни го прави животот мачен и тежок, едноставно невозможен, изјави Димитар Димовски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој додаде:
„Свесни сте дека Берово и сите останати населени места во Република Македонија се празни, за жал празнењето веќе не е од економски причини, празнењето е поради тоа што младите па и возрасните луѓе немаат сигурност, никаква стабилност во Република Македонија и сето тоа поради власта која што ја предводи државата. Не гледаат иднина, не гледаат перспектива и затоа ја напуштаат нашата држава и заминуваат во странство, за да најдат каква таква сигурност и безбедност за нив и за нивните семејства. На 12-ти април не очекуваат предвремени парламентарни избори на кои секако неизбежна ќе биде промена, избори на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и ќе формира влада која што ќе ја предводи државата во иднина. Главна цел на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде уште од 13-ти април да започне со обновата на Македонија, да ја зачуваме Република Македонија, да го вратиме нејзиното достоинство, да ги вратиме интегритетот и суверенитетот на државата кои што оваа власт ги уништи.“
-Да знаете дека сите идеи кои што ги дадовте денеска и сите проблеми кои што ги изложивте ќе бидат сериозно земени во предвид и се што можеме да внесеме во новата програма, ќе биде внесено во програмата. За крај само ќе напоменам дека на нечесноста, на неморалот, на Луи Витон ташните, на полињата со марихуана и занимавањето со дрога на функционерите на власт, мора да им ставиме крај. Мора да ставиме крај и на владеењето на стравот, крајно време е народот да се ослободи од овие стеги, време е народот да си ги добие своите права, да го добие сето она што го заслужува и да го гледа својот просперитет и перспектива во Република Македонија, потенцираше Димовски.