сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт до Локално: Во интерес на јавноста се надеваме дека докрај ќе останете доследни на Вашата професионалност

Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт до Локално: Во интерес на јавноста се надеваме дека докрај ќе останете доследни на Вашата професионалност

Вчера добивме и различно мислење за напишаното од страна на почитуваниот интернет портал Локално (lokalno.mk), и тоа е во ред да се има различни ставови, но во овој случај говориме за факти и аргументи, велат од Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО – ДПМНЕ и додаваат:

-Во продолжение следи нашиот одговор до Локално (lokalno.mk):

Одлично што како портал работите со проверени и точни информации и во интерес на јавноста се надеваме дека докрај ќе останете доследни на Вашата професионалност.

Во однос на Вашето барање за извинување од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ, би сакале да го наведеме следното:

Јавната објава за отуѓување на градежното земјиште за изградба на предметната катна гаража е објавена на ден 23.04.2012 година и цената е утврдена согласно Уредба за изменување на уредбата за висината на цената на градежното земјиште, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/2012, од 21.03.2012 година.

Во табеларниот преглед на почетни цени за отуѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање е утврдена почетна цена на градежно земјиште за изградба на катни гаражи во висина од 1 евро за м2 (61 денар).

Како што напоменувате во Вашиот текст, дека работите секогаш со точни и проверени информации, очекуваме да ги објавите точните факти и ќе упатите извинување кон ВМРО-ДПМНЕ и Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт за невистините изнесени во Вашиот текст.
(Прилог уредбата).

Најнови вести