Пејачката Викторија Лоба претстојната 2020 година ќе го каже судбоносното „ДА“ на својот сакан Ѓорѓи.
Но, пред да се случи тој значаен чин, заљубената двојка често патува заедно, а овој пат заминаа на Копаоник.
Иако се уште нема снег и не владее зимска идила, тие решија да си дозволат едно поинакво романтично уживање во луксузниот хотел каде се сместени.
Лоба постојано објавува фотографии и видеа од амбиентот, а на една од снимките е разголена по бикнини под тушот од спа-центарот на хотелот каде пејачката најмногу ужива.