вторник, 19. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Калајџиев: Очекував оставки од Десковска, Димитров, Османи и од Заев по не добивањето на датумот

Калајџиев: Очекував оставки од Десковска, Димитров, Османи и од Заев по не добивањето на датумот

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев на вечерашната емисија на Канал 5 телевизија на прашањето дали Ременски треба да си даде оставка, тој одговори дека очекувал оставки и по пропастот на евроинтеграциите и од некои министри, правда, надворешни работи, евроинтеграции, и од премиерот, затоа што станувало збор за сериозни ветувања за коишто ние многу дадовме неволно, мислевме дека таа жртва вреди.

Во однос на случајот во кој е осомничена Фросина Ременски тој вели дека кај луѓето ќе остане таа горчина и дека нема да се заборави дека министерот за внатрешни работи беше прв кој седна до Боки 13, на нивната прослава.

Додека бил советник во СЈО, Калајџиев откри дека Катица Јанева јавно почнала да се дружи со Боки ,во една прилика тој и рекол што бара со него, таа велела дека ништо не му фалело, вели Калајџиев.

-Не доликува, тоа се фигури коишто мора да имаат интегритет ,не може да купувате политичари со торби Лиу Витон и судии, вели Калајџиев. Професорот вели дека случајот Рекет очигледно не се расплеткува, за да не се дорасплетка клопчето. Не е нормално хартии од таков тип да се чуваат дома, а веќе ги исчистиле телефоните, тој вели дека можно е истите и да биле подметнати затоа што не верува во независноста на институциите кои треба да ги расчистуваат овие случаи, додава Калајџиев.

Најнови вести