Предупредувачки слики од Мавровското Езеро осамнаа на социјалните мрежи.
Локалните жители и туристите алармираат дека Мавровското Езеро полека исчезнува од мапата на вештачки езера. Езерото е повлечено, а местата кои до лани беа под вода, сега се сува површина.
Очигледно е дека нивото на езерото драматично опаѓа, додека властите не преземаат ништо.