Стан во сопственост на Лазар Јанев во вториот влез од зградата со број 43 во посредна близина на Клубот на пратениците е новиот „затвор“ за Катица Јанева.
Таа во овој стан е сместена од вчера попладне. Таму беше донесена директно од истражниот затвор „Скопје“ каде мина 94 дена. Јанева е второобвинета во случајот „Рекет“.
Истрагата за предметот е завршена, а веќе е поднесен и обвинителен акт.
Репортерската екипа на „Слободен печат“ денеска во разговор со новите соседи на Јанева дозна дека таа барем засега не се појавила ниту на терасата од станот да ја фати воздух.
Постои голема желба кај станарите на зградата со број 43 да ја видат Јанева, бидејќи синоќа таа од полициското комбе беше изнесена со темно сина јакна и покриена со капа од облеката. Главата и беше наведната и не и се гледаше ликот кој и беше добро маскиран.
Извор: Слободен печат