среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Судскиот совет со осуда за однесувањето на Рускоска

Судскиот совет со осуда за однесувањето на Рускоска

Судскиот совет на Република Македонија најостро го осудува однесување на јавната обвинителка Вилма Рускоска и смета дека е во спротивност на Етичкиот кодекс на јавните обвинители.

Од Судскиот совет на Република  Македонија во денешното соопштение наведуваат дека како самостоен и независен орган на судството е основан со цел да ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно Уставот и законите.

-Заради остварување на оваа цел, а по повод изјавата на јавниот обвинител за организиран криминал и корупција – Скопје, Вилма Рускоска, во врска со законитоста на Одлуката на Кривичниот совет при Апелацискиот суд Скопје за определување на мерката – куќен притвор, за обвинетата Катица Јанева, по спроведениот увид во Апелацискиот суд, Судскиот совет констатира дека ваквите изјави сo закана спрема судиите, од еден од учесниците во судските постапки претставува:

– Грубо кршење на принципот на еднаквост и рамноправност на учесниците во кривична постапка;

– Влијание врз јавноста по однос на законитоста на судската одлука спротивно на Уставот и позитивните законски прописи;

– Злоупотреба на правата во судска постапка;

– Недозволено мешање и притисок врз судиите при донесувањето на судски одлуки и

– Нарушување на угледот на судот и судската власт преку создавање на правна несигурност како еден од сегментите на принципот на владеeње на правото, се наведува во соопштението од Судскиот совет на РМ.

Најнови вести