четврток, 14. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Ова е центарот каде се брише „Едно евро за Вицето“, се направи обид да се сокрие Рекет и се туркаше Катица Јанева да продолжи со бизнисот како главен Републички Обвинител“

„Ова е центарот каде се брише „Едно евро за Вицето“, се направи обид да се сокрие Рекет и се туркаше Катица Јанева да продолжи со бизнисот како главен Републички Обвинител“

Ова зад мене е центарот за креирање на лагите со кои Македонија е доведена до амбис. Ова е центарот од каде се колнеа во националните интереси, се колнеа во 500 евра, се колнеа во чист воздух. Веројатно се колнеле и за 300 пилоти, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова е центарот каде се брише „Едно евро за Вицето“, се брише „На Мирчо Бишкарникот“, се направи обид да се сокрие Рекет и се туркаше Катица Јанева да продолжи со бизнисот како главен Републички Обвинител! И ве убедуваа дека тоа не е така! Соочени со избори, соочени со гневот на граѓаните, бесрамно пласираат лажни вести и вршат притисок врз медиумите за да им ја одиграат гнасната политичка манипулација со јавноста. Смислија тело за пласирање на лажни вести и стратегија за бришење на вистината! И сега треба да веруваме дека Катица е самохрана мајка, и дека не е дома по нарачка на  Заев кој го отвори судството како пупка!? Почитувани, омаловажувањето на граѓаните со лажните вести не им поминува. Не поминува обидот за дискредитација кон ВМРО-ДПМНЕ. Оттука го повикувам Зоран Заев јасно и недвосмислено да каже дали се согласува со Резолуцијата со која од него се бара откажување од македонскиот јазик, од македонското малцинство и од Гоце Делчев, произлезена како последица на Договорот?, прашува Стоилковски.

Тој додава дека Македонскиот народ, граѓаните на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, никогаш, ама никогаш нема да биде прифатливо негирањето на посебноста на македонскиот јазик, како и откажувањето од ликот и делото на Гоце Делчев.

-Сето она кое што значи добро и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Бугарија, во никој случај не е прифаќање и одобрување на штетните политики и дипломатија на штета на националните интереси кои што ги води власта во заминување, вели Стоилковски.

Најнови вести