недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски: Доколку нема поквалитетен живот, младите ќе продолжат масовно да се иселуваат

Пендаровски: Доколку нема поквалитетен живот, младите ќе продолжат масовно да се иселуваат

Сите политички водства сме одговорни за масовното отселување на младите, вели претседателот Стево Пендаровски, надоврзувајќи се на изјавата во Нови Сад, каде денеска кажа дека и тој би се иселил од Македонија доколку не е претседател.

-Ја разбирам потребата за дадената изјава на Регионалниот младински лидерски форум во Нови Сад да биде врамена во дневни партиско-политички пресметки, но трендовите во целиот регион и кај нас се неспорни. Губиме висококвалификуван и млад кадар. Одговорноста е на сите политички водства, од независноста до денес. Вклучително и моја, вели Пендаровски во допис до медиумите.

Претседателот додава дека доколку немаат суштинска европска перспектива, поголеми плати и поквалитетен живот, младите ќе продолжат масовно да се иселуваат.

-Младите мора да имаат прва шанса да успеат дома, нагласи Пендаровски.

Најнови вести