сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Андоновски: СДСМ е полн со ветувања за младите, а нема реализација и младите бегаат

Андоновски: СДСМ е полн со ветувања за младите, а нема реализација и младите бегаат

Проблемот со ислеувањето е комплексен и не се решава со брзи мерки, а не се согласувам со ставот на СДСМ кога велеа да падне само режимот и младите ќе се вратат. Гледаме што се случува сега, иселувањето го достигнува својот врв, вели Стефан Андоновски, советник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата на емисијата Детектор на телевизија Сител.

-Се покажа дека СДСМ е полн со ветувања, а реализација на мерки нема. Нема научно – истражувачки центри кои ги ветуваа, кариерни центри, нема студентски град, дигитализација на литература, центар за талентирани ученици и уште многу други мерки. Или од својата програма во делот за млади се реализирани само 10 проценти, посочи Андоновски.

Според него клучот за задржување на младите е во тоа да се обезбеди владеење на правото.

– Или кога би инвестирале младите да бидат сигурни дека никој нема да им бара рекет. Исто така се што им е ветено да се реализиара. Ако сме ветиле студенстки град на пример треба да се исполни. На младите им е доста од дебати, тие очекуваат политичарите да реализираат, а не само да зборуваат, рече Андоновски.

Најнови вести