Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре, среда, без електрична енергија ќе останат делови од Општина Центар.
– во периодот од 08.15 до 15.30 часот, корисниците од ул. Лазар Личеноски, објектите на СРЦ Кале – лизгалиште, КФМ и спортска сала Кале, градилиштата под Кале, како и останатите објекти во тој круг. ( општина Центар )
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците Наум Наумовски Борче и Осма Ударна Бригада, објектот на Шведската Амбасада, како и објектите лоцирани на плоштадот Сквер Јадран. (општина Центар )
– во периодот од 09.30 до 14.30 часот, корисниците од ул. Осма Ударна Бригада. ( општина Центар)