недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Симулациска вежба во Берово за тестирање на системот за справување со африканска чума

Симулациска вежба во Берово за тестирање на системот за справување со африканска чума

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со ФАО денеска и утре во Берово ќе одржи симулациска вежба за тестирање на системот на подготвеност за справување со африканска свинска чума, болест што не е присутна во земјава.

Вежбата е во рамките на проектот „Африканска чума кај свињите – подготвеност и брзо постапување”.

Практичниот дел од симулациската вежба, како што информира АХВ, ќе се реализира на индивидуална фарма во село Русиново, на комерцијална фарма во село Умлена и во ловиште, а теоретскиот дел во Берово, каде што ќе се тестира координираноста на институциите и протокот на информации во врска со болеста. Целта е проверка на функционалноста на Планот за итни мерки за справување со африканската свинска чума, со цел обезбедување висок степен на заштита при евентуална нејзина појава и спречување нејзино ширење.

Учесници на вежбата ќе бидат официјалните ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство, стручни лица од ФАО, претставници од Факултетот за ветеринарна медицина и од ветеринарните друштва со кои Агенцијата има склучено договори за спроведување активности за здравствена заштита на животните од јавен интерес

Најнови вести