среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Независниот синдикат на полицијата: Склучување на нови колективни договори во МВР се уште нема, а според наши сознанија нема ни да има

Независниот синдикат на полицијата: Склучување на нови колективни договори во МВР се уште нема, а според наши сознанија нема ни да има

Како независен синдикат на полицијата подолго време следиме и сметаме дека треба да расчистиме многу работи. Не тоа дека многу нешто ќе промени, но сакаме како синдикалци да испратиме едно јавно предупредување и гласно да не чујат сите оние професионалци кој во се поголем број не поддржуваат, ова денеска преку Синдикатот на независни полицајци го истакнуваат во својот прес.

-Министерство за внатрешни работи години наназад никако да излезе од лавиринтот наречен непрофесионализам и тоа за жал почнувајќи од највисоките структури па се надоле. Четири години министре МВР го раководите вие и за жал време е да сумираме што направивте за нас и да почнеме од склучувањето на колективниот договор за нас. За жал ама нов колективен договор се уште нема, велат од НСП.

Од таму додаваат дека по нивните сознанија за истиот нов нема да има иако стариот е истечен веќе две и половина години.

Најнови вести