Од 70 илjади евра до 107 илјади евра надоместоци земале обвинителите во Специјалното јавно обвинителство, надвор од редовната плата, покажуваат податоците од базата „Отворени финансии“. Според пресметките, за 4 години десетте специјални јавни обвинители плус Катица Јанева зеле надоместоци од над еден милион евра, пишува a1.on.mk.
Катица Јанева, како што веќе беше објавено, од 2015 до годинава зела надоместоци од 157 илјади евра. Веднаш зад неа се обвинителите Стевчо Донев и Елизабета Јосифоска кои добиле по 107 илјади евра. Обвинителката Лиле Стефанова зела надоместоци од 93 илјади евра, додека нејзиниот колега Бурим Рустеми 90 илјади евра.
По 87 илјади евра за 4 години надвор од редовната плата зеле Фатиме Фетаи, Љубомир Лапе, а илјада евра помалку зеле Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски. Обвинителката Ленче Ристоска зела најмалку, 72 илјади евра.
Ова се приходи што обвинителите ги добивале како додаток за доверливост, односно да не откриваат што чуле во „бомбите“.
Но, надоместоци не земале само обвинителите. Па така, Вили Јанев, шоферот на Катица Јанева, зел 30 илјади евра, а на внукот од сестрата на Јанева, Ѓорѓи Делиџаков, му биле исплатени 27 илјади евра.
Синот на врховната судијка, Лидија Неделкова, Давид, добил 18 илјади евра, а исто толку добила и ќерката на директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Берниса Рахиќ.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.