Бекир Асани од ДУИ, напаѓачот на повредената полицајка на Битпазар, на Фејсбук пишува дека поставениот споменик на двоглавиот орел во општина Чаир покажува кој наредува во оваа држава.
-Орелот во Скопје покажува кој командува во оваа држава и на кого му припаѓа оваа земја. Орелот се врати во своето гнездо во скопската нацинална гордост и слава, ние продолжуваме со истите идеали, пишува Асани на Фејсбук.
Нападнатата полицајка, еден ден по настанот даде исказ дека Асани не ја тепал туку само вербално ја нападнал, а повредите поради кои по настанот заврши во болница, си ги задала самата од пајакот со кој сакала да му го крене непрописно паркираното возило.
Извор-РЕПУБЛИКА