По низата разорни потреси кои ја погодија Албанија, многумина се скршени од болка и тага. Во јавноста, во врска со трагедијата која ги снајде Албанија и албанскиот народ се огласија и пејачките Дуа Липа и Рита Ора.
Рита Ора сега отпатува во Албанија од каде сподели фотографија од Тирана и едно од семејствата на кое ќе му помогне да си ја обнови куќата.
– Предлагам, тие кои можат, да најдат некое семејство, хуманитарна организација или некој друг начин како би помогнале за обновување на жртвите од катастрофата. Првото семејство кое го избрав е Сала – открила пејачката.
И двете пејачки на социјалните мрежи го објавиле знамето на Албанија и пратија пораки со поддршка.
– Скршена сум поради вестите од Албанија. Моето срце и молитви се со Албанците. Ви ја праќам целата своја љубов во овие тешки моменти – напишала Дуа и додала:
– Како и секогаш, сите сме обединет и ги бараме најдобрите начини да им помогнеме на семејствата, децата кои ги изгубија родителите, родителите кои останаа без деца, како и пријателите кои се бараат едни со други и кои сакаат да видат со оние кои ги сакаат.
Таа наведе дека ќе работи со албански модни дизајнери на проекти, а приходот од нив ќе биде наменет за жртвите од потресите.