четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Аљишериф Синани: Kако Нола стана Нула, 8-та станува нервозна, како завршува нивната употребна вредност

Аљишериф Синани: Kако Нола стана Нула, 8-та станува нервозна, како завршува нивната употребна вредност

Аљишериф Синани, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Боговиње, порачува дека во моменти кога власта тоне во скандали се јавија слугите на Заев.

„Па ајде да се обратам до Нола и Александрова, и до останатите малкумина нивни поддржувачи, ги разбирам што се нервозни, бидејќи за кратко ќе им истече мандатот и нивната употребна вредност за властаќе ја снема. Но единствено ќе остане желбата да продолжат да одработуваат за власта која ќе стане опозиција, зошто тоа е местото кое е нивното друштво.

Но околу самата содржина на ставот на Нола дека ги редел Мицкоски покрај зид а сега ги тера да потпишат за Северна, зошто рекол дека треба да се потпише договорот за НАТО!
Ова е изјава со која Нола стана Нула. Договорот за НАТО не е исто што и договорот со Грција кој ти Нола го поддржа, иако јавно ветуваше дека нема.

И на крај имате неколку контрадикторности…Нели Мицкоски велевте дека имал договор со Заев, како сега велите дека ги редел пратениците до зид да не гласаат за Уставните измени.

Нели вие самите велевте дека ВМРО и Мицкоски се антизападни, а сега велите дека Мицкоски го поддржува НАТО. Кога лажевте, тогаш или сега?

ВМРО ќе ја води Македонија по 12-ти април, а вие и тогаш, како и сега ќе имате став ист онаков каков што ќе ви каже вашиот стопан, кој како тргнало, нема да заврши поразлино од неговиот пулен Катица, посрамотено со ќулавка на главата“-напиша тој.

Најнови вести