недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за локална самоуправа: Фабрика за лаги, made by Natasha Petrovska (ФОТО)

Комисија за локална самоуправа: Фабрика за лаги, made by Natasha Petrovska (ФОТО)

Фабрика за лаги, made by Natasha Petrovska. Од борбата на Владата со лажни вести и дезинформации, мораме да ја издвоиме „заложбата“ на Градоначалничката на Општина Битола, која се разликува од останатите, велат од Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, пред неколку дена градоначалничката на својот личен Facebook профил објави слики со текст:
„Над 500 илјади евра за набавка на механизација во функција на активностите на јавните претпријатија. На сликите претставени само дел од нив. До крајот на годината пристигнуваат дополнително. Некои од нив се со замена после цели 3 децении. Дали требаат нови камиони, дали треба уште за непречена и квалитетна услуга? ДА. Но, за 2 години е снабдено многу повеќе од она што некој 12 години не го правел, та затоа нема легитимитет да критикува. Вистината е таа, домаќински може да се оди #НаПравПат до услови кои даваат можност за поквалитетни услуги.“

Нејзината вест е повеќе од добра, се‘ до моментот кога во галеријата со слики се појавува и една која е фотографирана во 2015 година. Или, поконкретно, кога возилото го набавила претходната раководна структура на Општина Битола.

Па затоа, ја прашуваме градоначалничката, како е можно 30 години да немало инвестиции, 12 години ништо да не се правело, кога самата таа објавува слики во кои се гледа набавката во 2015 година?
Дали ова што го објавува не е во категоријата „лажни вести“?
Дали на оваа вест ќе реагира Акциската група за борба против дезинформации и напади на демократијата?
Или, тоа го прави само кога изворот на веста не е од владеачкото мнозинство?

Најнови вести