сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

На овие патишта има намалена видливост, возете внимателно

На овие патишта има намалена видливост, возете внимателно

Намалена видливост поради појава на магла има на патниот правец Попова Шапка с. Гајре – Тетово до 30 метри, кај Плетвар, Битола до 200 метри, Кичево и Ѓавато до 100 метри, информира Автомото сојузот.

Сообраќајот на патиштата се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. (МИА)

Најнови вести