петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Овој човек постојано бил во кафеана, па сопругата смисли уникатен начин да го задржи дома

Овој човек постојано бил во кафеана, па сопругата смисли уникатен начин да го задржи дома

Британецот Пол Тапер, инженер од Девон, oтсекогаш сакал да оди во локалната кафеана, но неговата сопруга Џејн (48) мислела дека премногу време поминува таму, па затоа му изградила паб во дворот на семејната куќа.

Оваа мајка на три деца и медицинска сестра во професијата, покрај тоа што сака да го гледа својот сопруг дома, вели дека ќе организира и забави за пријатели и семејство во овој паб. Пабот го нарекла „The Doghouse Inn“

-Мојот сопруг Пол отсекогаш сакаше малку да скокне во локалата кафеана, и никако не можев да го задржам дома. Размислував и дојдов до идеја да изградам сопствена кафеана во дворот. Кога ме прашуваат каде е мојот сопруг, им велам „во куќата за кучиња (што е израз кој се користи за некој што не бил добар или кој е казнет).“ – рече таа.

Таа исто така открила колку ја чинело тоа.

„Најскапо беше да се израмни дворот и тоа чинеше 15.000 фунти, а почетната изградба на кабината чинеше околу 2700 фунти.“

Со пабот не е воодушевен само сопругот на Џејн, туку и нивните деца Том (31), Лорен (24) и Џек (26), кои велат дека долгорочно ќе заштедат пари на алкохол зашто ќе се дружат во сопствениот паб.