вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Големо свлечиште им се заканува на повеќе семејства во Жировница

Големо свлечиште им се заканува на повеќе семејства во Жировница

Големо свлечиште преставува закана за повеќе семејства од најголемото долнореканско село Жировница, во општина Маврово и Ростуше.

Освен земја, камен и дрвја, според претседателот на Советот на општината Алил Алили, свлечиштето откорнало и една бандера за преснос на електрична енергија, која паднала врз куќа, но за среќа предизвикана е само помала материјална штета.

– Жителите од долна маала, каде е присутна ова појава се исплашени и стравуваат за своите животи и имот, зашто свлечиштето е се уште активно, вели Алили и додава дека им е потребна помош од надлежните на централно ниво.

Посочува дека потребна е изградба на потпорен ѕид со цел да се избегне евентуална поголема трагедија, зашто при поголеми дождови можно е куќите да се лизгаат надолу.

Инаку, поради наглото топење на снегот и обилните дождови, на патнот правец Дебар-Маврово, посебно делницата Дебар-Жировница има чести одрони, пред се од камен земја, поради што се препорачува многу внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација.

свлечиште дебарско

Од дебарската секција на „Македонија пат“, под чија надлежност е оваа и делницата Дебар-Глобочица, кон Струга, велат дека нивни екипи се постојано на терен во расчистување на одроните, со цел побезбедно одвивање на сообраќајот.

Најнови вести