Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека утре (четврток) заради планирани технички зафати во електро-системот на Град Скопје, без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.
• во периодот од 09:00 до 14:30 часот корисниците од с.Брест, с.Побожје, Малино Маало, с.Мирковци, с.Кучевиште, с.Бродец, с.Танушевци (опш.Чучер Сандево) и дел од корисниците од с.Љубанци (опш.Бутел)
• во периодот од 09:00 до 11:00 часот корисниците од дел од Булевар 3-та македонска бригада (делот од МЕТРО кон Железници-Влеча) (опш.Аеродром)
• во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од ул.Славејко Арсов (опш.Центар)
• во периодот од 08:30 до 11:30 часот корисниците од дел од с.Ракотинци (опш.Сопиште)