вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Наредната недела СДСМ ќе одлучува за кадровските решенија во техничката влада

Наредната недела СДСМ ќе одлучува за кадровските решенија во техничката влада

СДСМ наредната недела ќе одлучува и ќе ги разгледува кадровските решенија за новата техничка влада, најави денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев од Пробиштип.

-Намерата беше на последниот централен одбор некаде на средината на декември да се разгледаат кадровските решенија. Јас верувам дека следната недела ќе може да зборуваме за нашите кадровски решенија, рече Заев.

Тој не прецизираше и не објави имиња кои би ја зазеле позицијата на технички премиер, но и на останатите кадровски решенија кои ќе влезат во новата техничка влада од редовите на СДСМ.

Најнови вести