сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ и ДУИ признаа дека Законот за јазици е плод на политички пазар

СДСМ и ДУИ признаа дека Законот за јазици е плод на политички пазар

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби во емисијата Патот кон на Алсат М, уште еднаш потврди дека Законот за јазици е плод на политички пазар помеѓу СДСМ и ДУИ, а неговото донесување бил условот за формирање на коалицијата ДУИ-СДСМ.

„Јас зборувам за политички договор на коалицијата, оваа коалиција е основана врз основа на прифаќање на законот, за употреба на јазиците. Во моментот кога постигнавме политичка согласност за усвојување на овој закон, и тоа пред да се формира владата, тогаш е формирана коалицијата ДУИ-СДСМ, врз основа на одредбите на овој закон. Се согласивме прво, на закон па на коалиција“ изјави Груби.

Притоа Груби истакна дека оваа коалиција на СДСМ и ДУИ е главна заслуга заради која постои е законот за употреба на јазиците Пратеничката на СДСМ Снежана Калеска-Ванчева само ги потврди тезите на ДУИ, притоа обвинувајќи дека прво ВМРО-ДПМНЕ преговарало, но посочи дека оваа влада на СДСМ и ДУИ го донесе законот.

„Да не заборавиме коалицијата на СДСМ и оваа влада го поднесе законот. Ставот на СДСМ тогаш бил таков и сега е таков.“, изјави Ванчева.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека многу му е драго што Груби и госпоѓата Калеска признаа дека овој закон е плод на политички пазар помеѓу СДСМ И ДУИ.

„ВМРО-ДПМНЕ не е на власт, туку СДСМ и ова е доволен доказ помеѓу кого имало политички пазар. Законот требаше да биде усвоиме по препораката на Венецијанската комисија, меѓутоа бидејќи е плод на политички пазар мораше да се исполни затоа не се чекаше препораката на комисијата.“ нагласи Арсовски

Најнови вести