среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Власта троши по кафани, народот плаќа!

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Власта троши по кафани, народот плаќа!

Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ денеска сподели статус на својот Фејсбук профил во кои пишува дека власта троши по кафани, додека народот плаќа.

-ВЛАСТА ТРОШИ ПО КАФАНИ, НАРОДОТ ПЛАЌА

Општини во долгови до гуша, кои пред јавноста „одвај врзуваат крај со крај“, ги трошат граѓанските пари не за проекти, туку за плаќање на сметки во ресторани.
Лицемерието на власта се гледа во неискрениот однос кој го има кон граѓаните и народните пари. Од една страна, општините се жалат дека општинските каси се задолжени и празни, но од друга страна, многу лесно го „одврзуваат општинското ќесе“, за големи гозби.
Но, за да не изгледа дека шириме лажни вести, нашите тврдења ќе ги поткрепиме со точни информации.
• Општина Битола била задолжена 307.830.474 денари, но во исто време потрошила дури 9.433.608 денари во гоштевање и ручеци
• Општина Струга има неверојатен долг од 262.203.073 денари, но тоа очигледно не е пречка за набавка на скапи возила и софри во износ од 10.433.352 денари
• На Општина Струмица од Владата ќе и‘ се покријат долгови во износ од 126.151.606 денари, а во исто време општината, повторно од џебот на граѓаните троши 14.149.489.5 денари.
• На Општина Карбинци власта ќе и’ покрие 17.109.200 денари долг, меѓутоа таа е единствената мала општина која потрошила дури 796,117.5 денари пари за угостителски услуги, или оваа мала општина редовно троши најмногу пари за договори за репрезентација!

И ако ова не се претенциозни и ненаменски трошења на народните пари, тогаш што е?
Неодговорноста на општинските власти се гледа токму преку овие споредби. Општините не инвестираат во локална инфраструктура и проекти за зајакнување на економијата и задржување на граѓанте во Македонија, туку ненаменскин и расипнички трошат пари, кои меѓудругото ги немаат.
Функционерите на СДСМ се болното ткиво на општеството и затоа треба што побрзо да си заминат. Не само што не знаат како, туку алчно и ненаменски посегнуваат по народните пари и ги користат за лично уживање и богатење, додека граѓаните бегаат од државата или бараат спас преку СМС пораки, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести