недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Магла од 50 – 100 метри кај Кичево, Ѓавато и долж повардарие

Магла од 50 – 100 метри кај Кичево, Ѓавато и долж повардарие

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, освен на осојничавите места каде коловозите се влажни.

Намалена видливост од 50 – 100 метри поради магла, има кај Кичево, на планинскиот премин Ѓавато и долж повардарието.

Патниот правец Р2332 Охрид-Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2019 до 01.04.2020 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11 2019 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2020 година. На овој линк повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.

Најнови вести