Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ започнаа со реконструкција на детските реквизити поставени во Градскиот парк спроти оградата на Зоолошката градина.
Дрвените реквизити, лизгалки и лулашки, кои беа оштетени ќе се поправаат со замена на искршените делови со нови, ќе се бојадисаат и ќе се монтираат нови метални држачи.