среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Претседателот на „Го сакам Водно“ нападнат од активист на СДСМ

ВИДЕО: Претседателот на „Го сакам Водно“ нападнат од активист на СДСМ

Неуспех и во вториот обид за одржување на јавна расправа по предлог-ДУП-от за Трнодол, Жданец и Козле организиран од Општина Карпош кој беше закажан за денес.

Во преполната сала на месната заедница во Козле дојде до тепачка помеѓу групи на граѓани, пренесува „Мета“.

Дел од присутните изразија незадоволство што Општина Карпош го форсира донесувањето на овој ДУП со кој се предвидува зголемување на урбанизацијата, изградба на три шесткатници кај каналот за спречувањее на поплави во Трнодол и изградба на индивидуални објекти високо на Водно.

-Општината се служи со лаги и манипулации но ние нема да дозволиме да се загрози безбедноста на населбата и вредноста на нашите имоти. Општината пробува насила и нетранспарентно да го донесе овој ДУП, коментираа дел од присутните.

Претставници на Општината Карпош пак тврдат дека во ДУП-от се земени предвид забелешките на граѓаните.

Поради тепачката помеѓу присутните интервенираше и полицијата.

Најнови вести