сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Намалена видливост на патиштата поради магла, возете внимателно

Намалена видливост на патиштата поради магла, возете внимателно

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради магла од 50 до 100 метри има во Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Охрид, Ресен, Македонски Брод, Страцин и кај Павлешници видливоста е до 30 метри.

Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2019 до 01.04.2020 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11 2019 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2020 година. На овој линк повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.

Најнови вести