Досега се регистрирани вкупно 62 слуачи на заразна жолтица, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
-Имаше повеќе работни средби од страна на експерти од Институтот за јавно здравје и најбитно е тоа што нема епидемиолошка поврзаност на случаите, туку сите тие се поединечни и во повеќе школи, што значи дека не е изворот школите, туку е донесена жолтицата од надвор. Будно се прати сиутацијата. Морам да апелирам и да препорачам заразната жолтица е болест на нечисти раце. Апелирам до децата, задолжително да ги мијат рацете, заради тоа што е начинот на кој што оваа болест се спречува односно не се појавува, изјави Филипче.