На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски.
Тој кажа дека владата во изминатите три години од кога е на власт има донесено 377 закони додека само во последните две недели на две седници има ставено околу 200 нови закони во процедура .
Мицевски порача да владата е сама одговорна за хаосот кој што и се случува и фактот што веќе нема време да реализира се што не реализирала во изминатите три години.
– Затоа би ве замолил да не го обвинувате ВМРО ДПМНЕ за хаосот што се случува и она што вие немате веќе време да реализирате, затоа што имавте три години и ги преспавте појасни Мицески.
Пратеникот потенцираше дека со формирањето на нова пржинска влада конечно ќе се стави крај на хаосот и на лудилото кое што СДСМ и го донесе на Република Македонија.