Од една страна власта ја замајува јавноста со божемна грижа за воздухот која наводно ја решаваат со субвенционирање на инвертори, додека од другата страна се протнува сомнителен тендер за неквалитетното екстра лесно гориво кое фирмата „Тритерол петрол“ го дистрибуира во институциите низ целата држава!, велат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.
-Сосема оправдано е да си го поставиме прашањето кој ефект врз намалувањето на загадувањето ќе го има мерката за субвенционирање на инвертори, ако државата се грее со нафта полна со штетни честички?!
Зарем аболицираниот Зоран Заев ги амнестира ајдуците и ги ослободи од затвор за веднаш да се вратат на стариот бизнис? За жал, секогаш кога станува збор за сомнителни тендери со кои опрвдано се сомневаме дека за нечија корист се испумпуваат пари од државната каса, власта е глува на прашањата, пријавите и реакциите од јавноста, стои во нивната Фејсбук објава и се додава:
„Така, пријавите кои до Државниот пазарен инспекторат ги испратиле бројните државни институции во земјава во кои „Тритерол Петрол“ си го има запоседнато ќарот за оваа грејна сезона, како и предупрдувањата до фирмата за тоа дека ќе бидат обелоденети поплаките од институциите, не наидоа на одговор! Се надеваме дека Државниот пазарен инспекторат што поскоро ќе го испита квалитетот на нафтата и нафтени деривати и доколку постојат недостатоци, ќе следуваат санкции за одговорните…затоа што животот и здравјето на граѓаните се поважни од било кој и било чиј материјален интерес! Во меѓувреме, „веруваме“ дека ќе нè спасат субвенционираните инвертори и трите еко-автобуси кои ЌЕ пристигнат од Хрватска!“.