Сопственикот и управител на фирмата ДПТУГ „ДИКОР ЦД“, ДООЕЛ Струмица испрати демант на денешната прес-конференција на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
-Обвинувањата што во јавноста се пласираат за работењето на мојата фирма, како и за наводни политички влијанија во интерес на работењето на мојата фирма се паушални,без никакви аргументи и конкретни факти и докази, се наведува во соопштението.
Синот на Цветанка Иванова, Зоран Иванов, во демантот пишува дека тендерот распишан од страна на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за извршување на патни работи во зимски услови на територијата на подрачјето на Штип, го добил во постапка во која ги запази и ги исполни сите неопходни услови.