вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тошковски: Не можеме да очекуваме реформи и демократизација кога премиерот не е пример за тоа како треба да се однесува еден граѓанин

Тошковски: Не можеме да очекуваме реформи и демократизација кога премиерот не е пример за тоа како треба да се однесува еден граѓанин

Ние не можеме да очекуваме реформи и демократизација кога премиерот не е пример како треба да се оценува еден граѓанин, тој се јавуваше на градоначалник да ургира за да се смени претседател на суд, и истиот тој се самоназначува за претседател на тело за реформи во судскиот систем, вели Тошковски вечерва во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

-Моментално имаме ситуација каде што се говори јавно за реформи во судството, а член на Судскиот совет е стручен соработник во судот, тоа не се видело никаде,чиракот на мајсторитеда им ја оценува работата, а тие треба да бидат најврвните професионалци во судството, по тоа ние не можеме да очекуваме реформи, рече Тошковски.

Тој исто така истакна дека ние на овој начин не можеме да имаме реформи во судството.

-Граѓаните заслужуваат да имаат Влада којашто ќе работи за нивно добро и за нивните интереси, не против нив, очекуваме Македонија да го фати чекорот за евроинтегрирање по заминувањето на оваа влада, рече Тошковски.

Најнови вести