Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во соработка со Иницијативата за една изборна единица денеска ќе одржи отворена дебата по Предлог законот за изменување на Изборниот законик и Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик.
Тие се однесуваат на воведување една изборна единица за парламентарни избори, отворени листи за локални избори и еднаква родова застапеост на листите за пратеници и советници.