среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Златко Марин продолжува со бетонирање на Аеродром: Следната година над 2000 нови станови (ВИДЕО)

Златко Марин продолжува со бетонирање на Аеродром: Следната година над 2000 нови станови (ВИДЕО)

Советот на Општина Аеродром на последната седница го изгласа буџетот за 2020 година во износ од околу 22 милиони евра.

Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека станува збор за најкатастрофалниот буџет досега, а доказ за тоа велат е преносот на 378 милиони денари од буџетот за 2019 година кои градоначалникот Златко Марин не ги искористил годинава, што пак докажува, велат советниците од опозицијата, дека проектите на градоначалникот се само за на хартија.

Видно од планираните приходи во буџетот, Марин планира наплата на комуналии од изградба на повеќе од 100.000 метри квадратни станбен и деловен простор.

-Доколку не се манипулира со овие податоци, тоа значи повеќе од 2000 нови станови во Аеродром. За жал и во 2020 година можеме да очекуваме само бетонирање на Аеродром, загаден воздух, нехигиена, нешто што стана карактеристично за Аеродром, изјави Пане Антовски од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително, додаваат од совтничката група и следната година општината против загадувањето ќе се бори со печки на пелети и инвертори за кои како што велат од овие мерки скоро и да нема ефект.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ објасни дека амандмански побарале средства за реализација на неколку значајни проекти, како спортска сала и мултинаменски културен центар во Долно Лисиче, мултинаменско игралиште во Горно Лисиче, атмосферска канализација на улицата Ѓорги Капчев, нова градинка на улица Тодор Чангов, амбуланта во населба Лисиче, пазар во Реонски центар Аеродром, монтажни паркиралишта, но амандманите од мнозинството предводено од СДСМ биле експресно одбиени.