вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Судијата Теофиловски сам се пријавил во Кривичен суд

Судијата Теофиловски сам се пријавил во Кривичен суд

Зоран Теофиловски, актуелниот член на Судскиот совет денеска сам се пријавил во Кривичниот суд. Алсат неофицијално дознава дека таму се повикал на имунитетот, што во пракса значи дека распитот воопшто не се одржал. На потег е Судскиот совет, каде и тој членува, за 24 часа да се состане и да одлучи дали ќе му го одземе имунитетот или не.

Теофиловски пред една година стана член на телото кое именува и разрешува судии, а на позицијата дојде од гостиварскиот Апелационен суд.

Пријавувањето на Теофиловски следува откако вчера тој не беше достапен за органите на прогонот.

Тој е осомничен за истрага што ја отвори Обвинителството за организиран криминал, а во врска со нелегална приватизација на земјиште.

Најнови вести