Собранието на Република Македонија со 101 глас „за“, без воздржани и против ја избра новата техничка влада, која треба да ги организира предвремените парламентарни избори на 12-ти април согласно договорот на политичките партии. Премиер во техничката Влада е Оливер Спасовски.
На предлог на Спасовски, Собранието денеска ги именуваше замениците министри и дополнителните заменици на министрите во Владата.
Министер за внатрешни работи во техничката Влада е Наќе Чулев, а министер за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, кои се предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија предложи и дополнителни заменици министри во земјоделство, информатичко општество и администрација и во финансии. СДСМ предложи дополнителни заменици министри во министерствата за внатрешни работи и во труд и социјална политика. Замениците министри ќе бидат избрани на нова седница.
На именувањето на замениците и дополнителните заменици на министрите во Владата, му претходеше обраќање на Спасовски во кое тој ја образложи предлог листата за заменици на министрите и за дополнителни заменици.
Врз основа на членот 94 од Уставот на Република Македонија, како и врз основа на членовите 42, 43, и 44 од Законот за Владата на Република Македонија, тој му предложи на Собранието на за заменици на министрите во Владата да ги именува:
Беким Максути, за заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана;
Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи;
Оливер Ристовски, за заменик на министерката која раководи со Министерството за правда;
Неџад Мехмедовиќ, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците;
Андреј Жерновски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи;
Ширет Елези, за заменичка на министерката која раководи со Министерството за финансии;
Кирил Колемишевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија;
Благе Цветковиќ, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;
Арменд Арслани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство;
Елизабета Наумовска, за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука;
Ѓонул Бајрактар, за заменик на министерката која раководи со Министерството за труд и социјална политика;
Дејан Павлевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа;
Владимир Лазовски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за култура;
Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација;
Садик Беќири, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски; и
Јани Макрадули, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.
За дополнителни заменици на министри во соодветните министерства
Славјанка Петровска, за дополнителна заменичка на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи;
Санела Шкријељ, за дополнителна заменичка на министерката која раководи со Министерството за труд и социјална политика;
Гордана Димитриеска Кочоска, за дополнителна заменичка на министерката која раководи со Министерството за финансии;
Цветан Трипуновски, за дополнителен заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство; и
Невенка Стаменковска, за дополнителлна заменичка на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација.