Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил му порачува на Петре Шилегов дека ќе ги загубат парламентарните избори, а потоа и локалните избори идната година.
-Човекот кој вели дека за него секоја втора пијандура викала дека бил пијандура, човекот кој ги молеше граѓаните цитирам: Никад да не ме гласате, вели ќе победеле, па бесрамно, лицемерно ја враќа Македонија во предизборни лажливи цели. Ќе изгубите Петре најпрво сега, а после и на локалните следната година. Ве плаши одговорноста што следи после поразот. Никогаш повеќе СДСМ, никогаш повеќе срам, понижувања, декаденција, криминал, корупција….Шилегов со “Пот”, заработил замислете во режим 2 до 3 милиони евра ова е негов исказ. Му пречат луѓе кои немаат дамка, имаат знаење, чесност, луѓе кои живеат како секое просечно семејство во државава.
Овие луѓе немаат по 5 коли, викендици, станови, школи, адвокатски друштва…..
Ви пречат нели?
Знам!
Болно е кога народот ќе ве ги открие лагите и ќе ве тресне од земја на 12 април.
Толку е Петре, Крај!
Доаѓа Обнова!
П.С не е лошо и ти да си дадеш оставка, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.