понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Елена Миленковска е бремена: Пејачката во 2020 ќе стане за прв пат мајка! (ФОТО)

Елена Миленковска е бремена: Пејачката во 2020 ќе стане за прв пат мајка! (ФОТО)

Македонската пејачка Елена Миленковска е ремена. Оваа радосна вест таа ја сподели на социјалните мрежи вчера, 5 јануари 2020 година, во ист момент со двете роденденски честитки: Едната на нејзиниот сакан Гуте, и на нејзината мајка Слаѓана, инаку родени на истиот ден!

„5-ти јануари за мене отсекогаш имал посебно значење. Вовлечена во својот топол дом чекајќи го Бадник со моите најмили, покрај тоа го славевме и роденденот на мајка ми. Од денес е уште повеќе посебен. нека ти е среќен роденденот сродна душо моја, ти благородно, најквалитетно и волшебно суштество. Чест е да се биде твој доживотен партнер и идна мајка на твоето дете“ – напиша Елена на својот профил на Инстаграм, соопштувајќи ги трите радости во една честитка покрај роденденската фотографија со Гуте и тортата со свеќичката со бројот 28, каде пејачката го покажа и своето подпораснато трудничко стомаче.

Инаку, Елена Миленковска со својот вереник и идниот татко на нејзиното дете, исто така пејач Александар Маринковиќ – Гуте се запознаа откако обајцата се натпреваруваа на регионалното музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“.

ИЗВОР: ВИСТИНА.МК

Најнови вести